Уапсени три лица и запленети над 100 килограми сканк кај Сараево

53

Босанската полиција денеска во реонот на Сараево заплени над 100 килограми сканк, при што се уапсени три лица.

Дрогата е пронајдена во возило марка „Рено Кангу“, на наплатна рампа на автопатот А-1, кај местото Хаџиќи.

При акцијата се уапсени возачот на „Реното“ и неговиот совозач, како и уште едно лице, кое управувало со автомобил марка „Фиат Поло“ со загрепски регистарски таблички, што се движел во нивна придружба.

Против приведените е покренато обвиние за „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги“.

Во петокот, босанската полиција на преминот Градишка на границата со Хрватска, заплени 400 килограми сканк, сокриени во камион што превезувал обувки за Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...