Протести против идејата за корекција на границите, најавува Курти

127

Лидерот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, најави нови „масовни протести“, доколку претседателот на Косово, Хашим Тачи „не престане да ја турка идејата за промена на косовската територија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во денешното обраќање во косовското Собрание порача дека ВВ нема да дозволи да се допре територијата на Косово и да се преговара за суверенитот на земјата.

Тој рече дека иако протестот од минатиот 29 ноември беше исклучително голем, тој „нема да биде ништо“, споредено со идните протести што ќе се организира движењето, „доколку Тачи не престане со штетниот дијалог со Србија“.

– Иако протестот од 29 ноември беше величествен, силен и многу голем, тоа нема да биде ништо споредено со оние кои следат доколку овој претседател не се запре – порача Курти.

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, од пред нешто повеќе од половина година упорно се залага за, како што тој тоа го нарекува, „корекција на границите“, со цел постигнување конечно решение за споровите меѓу Косово и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...