Петмина мигранти загинаа, 130 исчезнати по потонување на чамци кај Џибути

26
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Пет лица загинаа, а 130 се водат како исчезнати откако чамци со мигранти потонаа во близина на брегот на Џибути, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Преживеаниот бродоломец изјавил дека на неговиот брод имало 130 лица, но не знае колку биле во другиот чамец.

Чамците потонале по триесет минути откако отпловиле по турбулентното море од Годорија, североисточно од Џибути.

Џибути, кој е лоциран преку Јемен и во близина на нестабилните Сомалија и Етиопија, последните години стана место за проаѓање на мигранти кои бараат работа на Арапскиот Полуостров.

И бегалците од Јемен се обидуваат да го минат теснецот што ја дели нивната земја од Џибути.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...