Се активира вулканот Мерапи, лавата се излеа 1,4 километри

58

Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава исфрли лава, која се слева низ истоимената планина во должина од 1,4 километри.

Шефот на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности Касбани изјави дела Мерапи е во „фаза на ефузивна ерупција“.

Тој додаде дека вулканот еруптирал синоќа и има најдолг слив лава од август, кога беше активен Мерапи.

Касбани ги посоветува локалните жители да не се приближуваат најмалку три километри од кратерот.

Вулканот и истоимената планина Мерапи се со висина од 2.98 метри и се наоѓа во близина на древнито град Јогјакарта. Мерапи е еден од најактивните од неколкуте десетина вулкани во Индонезија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...