Собранието на Венецуела донесе закон за демократска транзиција

95
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Собранието на Венецуела усвои закон за „демократска транзиција“ и обнова на уставот, изјави опозицискиот лидер и претседател на Парламентот, Хуан Гуаидо.

– Законот со кој ќе се обезбеди транзиција кон демократијата и обнова на уставот на Боливарската Република Венецуела е едногласно усвоен во прво читање – напиша Гуаидо на Твитер.

Венецуела е во нова политичка криза откако Гуаидо пред една недела се прогласи за привремен претседател на државата.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако повеќе европски и јужномерикански држави го поддржаа Гуаидо, порача дека тоа е обид за државен удар во режија на САД.

ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...