Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа ја прифати оставката на премиерот Рами Хамдалах и на Владата, но Хамдала ќе остане на чело на техничка влада.
Абас почна консултации за формирање на нова влада.
Хамдалах во 2013 година формираше влада на национално единство по историскиот договор за помирување помеѓу Фатах и Хамас. Но, и покрај договорот Владата нема никаква контрола над Појасот Газа.
Движењето на Абас, Фатах претходно одлучи технократскиот кабинет на Хамдалах да го замени со сопствена влада.
Хамдалах во понеделникот понуди оставка. Тој се одлучи на таков чекор откако централниот комитет на движењето Фатах соопшти дека новата влада ќе биде составена од членови на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Исламистичкото движење Хамас не е дел од ПЛО.
ФОТО: МИА