Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска истакна дека изјавата на украинскиот претседател Петро Порошенко дека сака мир со Русија се само празни зборови.
– Порошенко имаше можност за глобален мир како во земјата, така и во светот, со реализација на Договорот од Минск – посочи Захарова.
Захарова додаде дека Порошенко не ја искористил таквата можност.
– Давање на празни ветувања, а не исполнување на претходните – тоа наликува на него – посочи Захарова.
Порошенко изјави дека на Киев му е потребен „студен мир“ и оти луѓето се уморни од војната.
– Секако потребен ми е мир со Русија, Студен, но мир. Луѓето се уморни од војната. Руската пропаганда игра на ова болна емоција. Темата за војна и мир е една од главните на изборите, бидејќи народот нема да избира само претседател, туку и врховен командант – истакна Порошенко.
Тој додаде дека Киев ќе продолжи да инсистира на решавање на судирите во Донбас со политички и дипломатски средства