Европарламентот предлага безвизен режим за Британците по Брегзит

269

Комисија на Европскиот парламент во текот на денот треба да предложи безвизен режим за Британците во ЕУ, по Брегзит, без оглед дали излегувањето од Унијата ќе се одвива без договор или со регулирани идни меѓусебни односи.

Одлуката на Комисијата мора да ја поддржи Парламентот во полн состав наредниот месец, а останатите институции на ЕУ најверојатно ќе го поддржат барањето за ублажување на визниот режим со Велика Британија по Брегзит, под услов Лондон да преземе реципрочни мерки.

Предлогот ги прифаќа и двете сценарија – прво, британската премиерката Тереза Меј да ги отстрани блокадите во својата земја и да успее во намерата договорот со ЕУ да биде ратификуван во британскиот Парламент и второ, да дојде до Брегзит без договор.

Исто така, предлогот мора да добие согласност и од Европската комисија и Европскиот совет, односно од сите држави членки на Унијата.

Исклучокот од визите во ЕУ покрива кратки патувања до три месеци. Моментно околу 60 земји во светот имаат бенефит од тој систем. Системот претежно е наменет за вработени луѓе и не предвидува право за работа во ЕУ.

Паралелните разговори меѓу членките на ЕУ за дозвола Британците да патуваат во Унијата без визи беа одложени минатата недела, соопштија дипломатски извори, откако Шпанија упати забелешки околу Гибралтар, британска територија за која Мадрид, исто така, има претензии.

Спорот меѓу Мадрид и Лондон веќе се закани дека да го наруши преговарачкиот процес за Брегзит, но договорот со шпанскиот премиер Педро Санчез во ноември го отвори патот за одобрување на договорот за разидувањето меѓу Велика Британија и сите 27 останати членки на ЕУ.

Велика Британија сега се обидува да го ратификува договорот, а во текот на денот треба да се одржат повеќе гласања во Долниот дом на Парламентот за амандмани на планот на премиерката Меј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...