Албанскиот биолог Арбен Палуши фотографирал чудо од природата – „планинско око“

1004
ФОТО: МИА

Дека природата „прави чуда“, потврда и фотографијата на албанскиот биолог Арбен Палуши.

– Во овие студени јануарски денови, кога многу населени места во севрниот дел на земјата се завеани во снег и заковани во мраз, природата „со своја рака“ создаде планинско око – наведуваат албанските медиуми, пренесувајќи ја фотографијата на Палуши.

Природната убавина, Палуши ја овековечил при престојот во реонот на кањонот Шеја во близина на селото Бицај, кај северниот албански град Кукс.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...