Најголемата мачка на светот влезе во Гинис (ФОТО)

159
ФОТО: Инстаграм

Двегодишната мачка од расата Мејн Кун од Италија е долга импресивни 120 сантиметри, а тоа е подолго од бејзбол палка.

Необичен рекорд

Големата мачка, по име Баривел, живее во Вигевано, Павија и е крунисана со рекордот „Најдолга жива домашна мачка“, а ова го објави сајтот на „Гинис Ворлд Рекордс“.

Овој необичен рекорд бил верифициран на 22 мај 2018 година, а официјалните вести беа објавени на почетокот на оваа година.

Горди „родители“

Сопствениците на Баривел, Кинси Тинирело и Едгар Скандура, отсекогаш знаеле дека Баривел е посебна мачка.

– За нас тој е посебна мачка бидејќи е срамежлив… кога ќе го видат сите се зачудени, но за нас тој е мал подарок, всушност голем подарок – рекол Едгар.

На локален дијалект, каде што живее Едгар, Баривел значи ковн или џокер. Но покрај неговото име и фактот дека тој е најголема домашна мачка што некогаш ќе ја видите, Едгар вели дека Баривел и не е толку голема личност и е мрзелив. Всушност тој живее размазен живот, јаде многу бисквити, пилешко и риба.

И покрај тоа што Баривел живее исклучиво во домашни услови, тој сепак оди на прошетки и тоа во количка за мачки што изгледа како онаа за деца.

– Луѓето се изненадени кога ќе го видат. Малку е чудно да шеташ мачка надвор и тоа во количка за бебиња – рекол Едгар и додал дека Баривел обожува да се шета надвор во неговата количка.

Баривел станал атракција и е популарен

Покрај невообичаената глетка на Баривел во неговата кабриолет-количка, многумина се изненадени од големината, па на прошетките Кинси и Едгар често застануваат за луѓето да се сликаат со него. Сево ова го инспирирало парот да направат профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Многумина не веруваат дека фотографиите се вистински.

– Кога ќе поставиме слика од Баривел, многумина не прашуваат и ни пишуваат во порака дали сме го фотошопирале – рекла Кинси.

За Баривел, светскиот рекорд никогаш не бил недостижен

– Од самиот старт размислувавме за Гинис. Сите го знаевме името „Гинис Ворлд Рекорд“ и бевме возбудени да видиме дали Баривел ќе може да се запише во книгата- велат неговите родители.

Како и да е, запишувањето во „Гинис“ не значи дека тука е крајот за Баривел. Расата Мејн Кун е една од наголемите видови мачки, тие растат до нивната четврта година, а Баривел има само две.

Можно е Баривел да расте уште и да постави нови рекорди.

 

View this post on Instagram

 

#barivel #mainecoon #gatto #cat #cats #big #long #catlover #furry #kitten #pet #pets #catsofinstagram #catoftheday My mommy

A post shared by BARIVEL & COMPANY (@barivel_maine_coon) on

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...