Ченинг Тејтум во преработката на „Сирена“

101
ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Преработката на хит-комедијата „Сирена“ од 1984 година, повторно се актуелизира, и тоа од глумицата Џилијан Бел, која изјави дека се подготвува сценариото.

Во оригиналниот филм за маж кој се вљубува во сирена, главните улоги ги толкуваа Том Хенкс и Дерил Хана. Овојпат, како што се најавува, ликот на Хенкс ќе го толкува Ченинг Тејтум.

– Сега се пишува сценариото, па се надеваме дека филмот ќе биде готов за некоја година… Мислам дека тоа ќе се случи. Многу сум возбудена околу тоа – изјави Бел за „Индивајр“.

Бел, која исто така е вклучена во проектот, што сѐ уште е во најава, му беше партнерка на Тејтум и во „Џамп Стрит 22“.

ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...