САД во Сирија испратија дополнителни сили за осигурување на повлекувањето

68

Повеќе од 600 американски војници стигнаа во Сирија со задача да гарантираат безбедност при повлекувањето на силите на САД од таа земја.

Неименуван локален извор изјави дека дополнителните американски сили стигнале во воздухопловната база во местата Хараб Иск и Сарин на истокот на Сирија.

Токму тие две американски воздухопловни бази ќе бидат, како што се наведува, главни центри за евакуација на американската војска од Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...