Тој во интервју за британски „Гардиан“’ рече дека Венецуела преживува „речиси волшебен момент“ во новата потрага по демократија.
Комбинацијата на меѓународната поддршка, опозициското единство и новите протети, според него, и даваат на Венецуела единствена шанса „да го остави хаосот зад себе“.
Гуаидо, исто така, најави нови протести в среда и сабота, кога истекува ултиматумот на ЕУ до Мадуро за распишување нови избори.
– Фрустрацијата се претвори во надеж. Луѓето се осмелуваат повторно да сонуваат. Се разбудивме од кошмарот. Имаме нови сништа, сонуваме за иднината на нашата земја, не за тоа што сме, туку што можеме да станеме, вели Гуаидо во интрвјуто.
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez