Наместо со вереницата, Купер со неговата мајка на „Скрин Акторс Гилд“

622
Фото: МИА

Холивудската ѕвезда Бредли Купер (44) синоќа на доделувањето на наградите „Скрин Акторс Гилд“, наместо со вереницата Ирина Шајк, се појави во придружба на неговата мајка Глорија Кампано.

Иако не освои награда за филмот „Ѕвездата е родена“ во кој глуми со пејачката Лејди Гага, тој одлично се забавуваше.

Кампано, инаку, е позната како жена со строг став, а колку се тие блиски покажуваат и гласините што кружат низ Холивуд, дека „глумецот за ништо не одлучува без консултација со мама“.

Се раскажуваше и дека таа всушност е „заслужна“ за неговите поранешни неуспешни врски, оти никогаш не била задоволна со неговиот избор на девојка. Сепак, наводно, сега Глорија одлично се сложува со Ирина, иако на почетокот на врската некои извори го тврдеа спротивното.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...