Тевдовски: Повратот на ДДВ за граѓаните треба да се спроведе без фискални ризици

Работиме на тоа, кога ќе ги имаме конечните детали, ќе ги споделиме со јавноста, рече Тевдовски

263

По најавата од премиерот Зоран Заев дека од 1 јули годинава ќе почне проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ за граѓаните, министерот за финансии Драган Тевдовски  дека е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин и да нема фискални ризици.

– За мене е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин, сакаме да бидеме сигурни дека нема фискални ризици. Во моментов работиме на тоа, кога ќе ги имаме конечните детали, ќе ги споделиме со јавноста – рече Тевдовски, по потпишувањето на договорот за кредит од Европската банка за обнова и развој за купување на 35 автобуси на погон на гас.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...