„Волстрит журнал“: Орбан сака неутрална надворешна политика

131

Унгарскиот премиер Виктор Орбан им порача на американските дипломати дека сака да гради неутрална надворешна политика, а не да ги исполнува барањата на САД, пишува „Волстрит журнал“.

Како што наведува весникот, Орбан добил „наредби“ да се спротивстави на кинеската кибер шпионажа и да ја поддржи Украина во спорот со Русија. Тој одбил да ги изврши „наредбите“ и порачал дека сака Унгарија да биде неутрална како Австрија.

Според американскиот весник, Орбан привлекува кинески инвестиции во информатичката инфраструктура на Унгарија, а се противи на преговорите на официјален Киев со НАТО на министерско ниво.

Орбан, исто така, е незадоволен од ситуацијата за намалување на можноста за школување на мајчин јазик на унгарското малцинство во Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин кон крајот на минатата година изјави дека во развојот на односите со Унгарија е постигнат голем напредок и дека се постигнати нови граници на соработка. Путин тогаш изрази надеж дека ќе продолжи заедничката работа на јакнење на билатералните односи.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...