„Бесмртност“ – Македонската филхармонија со концерт посветен на Бетовен

410

„Бесмртност“ е насловот на симфонискиот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во четврток, на 31 јануари во 20 часот. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, концертот ќе биде посветен на творештвото на музичкиот гигант Лудвиг ван Бетовен.

На програмата се неговите моќни дела: Увертира за именден оп. 115, Хорска фантазија за пијано, хор и оркестар оп. 80, каде како солист ќе се претстави македонската истакната пијанистка Нина Костова-Јаневска, како и Симфонијата бр. 2 во D-dur.

Учество ќе земат и хорот „Драган Шуплевски“ од Факултет за музичка уметност, како и професионален хор „Про арс“ и солистите: Јаворка Витанова и Мартина Нанеска – сопрани, Бојана Јованова – алт, Јане Дунимаглоски и Шинаси Рамадан – тенори и Мартин Блажевски – бас.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...