Селин Дион повторно привлекува медиумско внимание, овојпат поради нејзиниот анорексичен изглед. Таа беше тема на таблоидите и поради врската со 16 години помладиот танчер, Пепе Муноз, која сè уште јавно не е потврдена.
Популарната пејачка драстично го променила својот изглед, а нејзините фановите се загрижени поради нејзината тежина. Тие масовно ѝ порачуваат да јаде и дека е на работ на анорексија, бидејќи на последните фотографии изгледа како избледена копија од себе.
На Селин во 2016-та година ѝ почина сопругот и таа едвај ја преживеа трагедија, но набргу потоа доживеа уште еден шок, кога почина нејзиниот брат Даниел.
(ФОТО: EPA / YOAN VALAT)