Словенка и Белгиец кандидати на Европската левица за претседател на ЕК

64

Европската левица (ЕЛ) ги избра своите водечки кандидати за изборите за Европскиот Парламент во мај, јави дописничката на МИА од Брисел.

Станува збор за Виолета Томиќ од словенечката партија Левица и белгискиот синдикалец Нико Ки, кои ќе влезат во трката за претседател на Европската Комисија.

Европската левица е формација на радикалните левичарски партии во ЕУ. Во Брисел овој викенд се одржа состанокот на нивниот Извршен одбор, на кој беа избрани двајцата кандидати.

Томиќ моментно е пратеничка во словенечкиот Парламент, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа и активист за Палестина и за правата на ЛГБТ заедницата.

Ки е генерален секретар на белгискиот синдикат на работниците од челичната индустрија и познат синдикалец во Белгија и во Европа.

Иако не е меѓу најбројните европски политички партии, Европската левица има една значајна партија членка, грчката владејачка Коалиција на радикалната левица (Сириза), додека францускиот Лев форнт (ФГ) на Жан Лик Меланшон е нејзин партнер.

Томиќ за сега е единствената жена од Источна Европа која е вклучена во трката за претседателската функција во ЕК.

– Со овие двајца кандидати сакаме да му дадеме јасна понуда на народот во Европа, затоа што сме на страната на тие кои не ја прифаќаат растечката контрадикција меѓу богатството и сироштијата – соопшти партијата по изборот на кандидатите.

Изборната платформа на Европската левица предвидува редистрибуција на богатствата, антимилтаризам и одржлива животна средина.

– Новото младинско движење против климатските промени и за соочување со последиците од погрешните политички одлуки за следната генерација, за нас преставува централна точка – соопшти Европската левица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...