Силна експлозија утрово одекна во Подгорица во близина на ресторанот „Њујорк“. Во инцидентот нема повредени – соопшти полицијата, пренесе РТЦГ.
Експлозијата се случила околу 2 часот по полноќ меѓу блоковите Шест и Девет. Од силината на експлозијата, се искршиле и прозорците на ресторанот „Њујорк“, кој се наоѓа во близина, додава РТЦГ.
Полицијата врши увид на на местото на експлозијата.