Словенечкиот министер за култура, обвинет за мобинг, поднесе оставка

117
ФОТО: МИА

Словенечкиот министер за култура Дејан Прешичек, обвинет за мобинг, поднесе писмена оставка до премиерот Марјан Шарец.

Премиерот Шарец одлуката ќе ја објави денеска на прес-конференција.

Прешичек неодамна беше обвинет за мобинг кон своите вработени и злоупотреба на положбата, што кулминираше кога еден од вработените во Министерството за култура изврши самоубиство.

„Јутарњи лист“ објави дека станува збор за татко на три деца, чија жена боледува од рак и кој, според изјавите на вработените во Министерството, бил мета на мобинг, но признал дека злоупотребил користење на службено возило.

Прешичек ги отфрли обвинувањата за мобинг.

– Никому не би посакал да го помине тоа што јас го поминав минатата недела. Јавниот линч не ме погоди само мене и моите колеги, туку и тие кои, како што би рекол Прешерн, се добродојдени во културата. Тоа не можам да го дозволам, бидејќи не сум бесчувствителна личност, како што некои (медиуми) се обидоа да ме прикажат – напиша Прешичек во писмото.

Тој наведува дека „гледа само едно можно решение“, а тоа е да поднесе оставка на функцијата министер за култура.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...