Албанската опозиција: Поранешни оперативци на Сугурми се на високи функции во ШИШ

705

Албанската опозиција обвини дека по доаѓањето на Хелидон Бендо на чело на албанската тајна служба ШИШ, спротивно на законот, девет поранешни припадници на комунистичката тајната служба Сигурими биле поставени на високи раководни функции.

Изнесувајќи го партискиот став, пратеникот на опозициската Демократска партија, Енкелејд Алибеај изјави дека „по соработката со криминалот“, албанскиот премиер Еди Рама „на највисоки раководни функции во ШИШ ги вратил луѓето од најсуровата тајна служба во источниот блок“.

– Соработката со криминалот и корупцијата навлезена во секоја ќелија на Владата се двете најистакнати карактеристики на Владата на Еди Рама. Но, шемата на неговото владеење е нецелосна ако останат надвор од државната безбедност луѓето од најсуровата тајна служба на Истокот. Откако ги прими во Владата сите наследници на Партијата на трудот, негови блиски пријатели, Рама на значајни раководни функции врати поранешни офицери и оперативци на Сигурими – обвини Алибеај.

Објавувајќи ги имињата на деветмината нови функционери во ШИШ, Алибеај обвини дека дел од нив биле вмешани во трговија со дрога.

Тој е убеден дека мнознството Албанци ќе одговрат „со едно силно НЕ“ на прашањето дали веруваат дека редот, правдата и безбедоста може да ја гарантираат луѓе кои тероризирале и масакрирале и кои албанските граѓани ги држеле изолирани во.

– Демократската партија е убедена дека мнозинството албански граѓани ќе одговорат со едно силно НЕ! Државната безбедност не може да ни даде ни правда, ни ред, ни безбедност! Најдобрата услуга што можеме да ја направиме денес за нашата земја, без да губиме време, е да се ослободиме од архитектот (Рама) на владеењето  со државната безбедност – порача Алибеај.

Албанскиот претседател Илир Мета, по една година од добиениот предлог од страна на премиерот Рама, уредбата со која Хелидон Бендо стана директор на  албанската тајна служба ШИШ, ја потпша на почетокот на месец ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...