Билал Хасани ќе ја претставува Франција на Евровизија ВИДЕО

734

Билал Хасани, кој стана феномен за неколку недели со своите перики и шминка, ќе ја претставува Франција во мај на конкурсот за песна на Евровизијата, откако синоќа победи во финалето на „Дестинација Евровизија” со неговата песна „Roi” (Крал), испеана во живо на јавниот телевизиски сервис Франс 2, јавува дописникот на МИА.

– Ви благодарам, ви благодарам, ви благодарам … Вие не можете да разберете колку ќе ми помогнете да ми се исполни сонот – изјави Билал Хасани пред да и се обрати на публиката.

– Јас ќе ја претставувам Франција на Евровизија – нагласи тој.

Билал Хасан е млад човек на возраст од 19 години, кој, за поголемиот дел од француската јавност беше целосно непознат до пред десет дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...