Познатиот холивудски актер Џони Деп пристигна во Белград за да го сними филмот „Минимата” во режија на Ендру Левитас.
Претходно, директорот на куќата „Work in Progress“ – Александар Тадиќ, рече дека снимањето ќе трае седум недели, a една недела на црногорското крајбрежје.
„Почнуваме со подготовки и наоѓаме локации. Дел од сетот ќе мора да биде изграден во студиото, бидејќи тоа е специфичен период и акцијата делумно се случува во Њујорк, а делумно и во Јапонија“, рече Тадиќ за Танјуг.