Прекината спасувачката акција во Бразил поради опасност од попуштање на втора брана

144

Бразилските власти донесоа одлука за времен прекин на потрагата по преживеани по трагедијата предизвикана во петокот по попуштањето на рударска брана во близина на местото Виља Феретко, поради опасност од пукање и на втора брана во истиот рудник за железна руда.

Поради опасноста од попуштање на втората брана, властите на бразилската сојузна држава  Минас Гераиш, на чија територија се наоѓа рудикот, наредија и евекуација на неколку населби во блискиот град Брумадино.

До прекинот на операцијата, спасувачките екипи пронајдоа тела на 40 загинати лица, а од надојдената мешавина на вода, кал и јаловина од рудникот, беа извлечени 23 преживеани, кои се префрлени во болница.

По попуштањето на бранате беа поплавени делови од Виља Фертеко и неговата околина. Постои опасност за загадување на животната средина, бидејќи е можно меѓу надојдената мешавима на вода, кал и јаловина да има и потенцијално отровен отпад.

Бразилската рударска компанија „Вале СА“, која е сопственик на рудникот, соопшти дека во време на попуштањето на браната во таа зона се наоѓале околу 300 работници, кои во најголем број беа прогласени за исчезнати.

Би-Би-Си јави дека за време на инцидентот стотина работници се наоѓале во мензата на рудникот, која останала под вода и е затрупана со кал.

Семејствата на исчезнатите лица изразуваат загриженост и стравување дека нивните блиски нема да бидат пронајдени живи, при што е расте и нивниот гнев кон компанијата сопственик на ридникот и кон властите.

Причините за попуштањето на браната, која била изградена во 1976 година, засега не се познати.

Слична трагедија во Минас Гераиш се случи и во 2015 година, при што загинаа 19 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...