Седумдесет и пет годишнина од ослободувањето на Ленинград од нацистичката опсада

88

Во Санкт Петербург одржана е воена парада по повод 75-годишнината од падот на нацистичката опсада во Втората светска војна на тогашниот Ленинград.

Над 2.500 војници, припадници на безбедносните сили и 80 специјани оружја учествуваа на церемонијата, што започна со минута-молчење за загинатите граѓани и војници за време на опсадата.

– Се поклонуваме во знак на сеќавањето на оние кои не се вратиле од војната и оние кои починале од повреди и болести. Руската армија секогаш ќе се сеќава на достигнувањата на нашите татковци и дедовци, нагласи командантот на Западниот воен округ, генерал-полковник Александар Журављев.

ТАСС јави, дека и покрај студеното време, голем број граѓани присуствувале на парадата.

Опсадата на Ленинград започнала на 8 септември 1941 година и траела 872 денови, до 27 јануари 1944 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...