Најмалку 68 лица загинаа, а илјадници ги напуштија нивните домови поради поплавите и свлечиштата на индонезискиот остров Сулавези, соопштија локалните претставници.
Евакуирани се околу 6.700 лица во привремени засолништа.
Во областа Гова, која е најтешко погодена, регистрирани се најмалку 45 смртни случаи.