„Фејсбук“ ќе ги интегрира „Месенџер“, „ВатсАп“ и „Инстаграм“

Услугите ќе продолжат да работат како одделни апликации, но корисниците ќе можат да комуницираат едни со други од секоја од трите платформи, според неофицијалната информација достапна во моментот.

154
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

„Фејсбук“ работи на проект за тесна интеграција на три од најпопуларните свои услуги – „Месенџер“, „ВатсАп“ и „Инстаграм“, тврди публикација на „Волстрит журнал“, повикувајќи се на свои извори.

Услугите ќе продолжат да работат како одделни апликации, но корисниците ќе можат да комуницираат едни со други од секоја од трите платформи, според неофицијалната информација достапна во моментот.

Илјадници вработени на „Фејсбук“ се вклучени во проектот, бидејќи интеграцијата бара промени на најосновно ниво. Покрај тоа, тимот планира да распореди меѓуплатформска енкрипција „од крај до крај“.

Во моментов, таквата енкрипција е стандардно имплементирана во „ВатсАп“ за сите типови на комуникација, додека во „Месенџер“ режимот на енкрипција „од крај до крај“ се вклучен кога е неопходно.

Амбициозниот проект на „Фејсбук“ е во рана фаза на развој. Интеграцијата на трите клучни услуги за компанијата се очекува да се затвори до крајот на сегашната или почетокот на следната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...