Откако стигна веста за ратификација на Договотот од Преспа во грчкиот парламент добив информација од четири компании дека одлучиле да инвестираат во Македонија, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибината „Силна економија – шанса за сите“ што се одржува во Велес.
Тој рече дека се разговара со стотина компании за инвестирање во земјав кои чекале на решавање на проблемот со Грција.
-Сите беа ставени на стенд бај и вчера со инфорамцијата дека помина гласањето во грчкиот Парламент добив четри потврди за инвестиции. Немојте да очекувате дека како претходно државата ќе ги насочува странските инвестции каде да инвестираат и да им вели во оваа општина ќе отвориме ТИРЗ, а ваму ќе ги помагаме доколку инвестираат. Тие ќе одат таму каде што имаат интерес и има неопходна работна сила -рече Анѓушев.
Тој најави дека платите ќе растат како резултат на инвестициите што ќе дојдат, а за да ги привлечеме, треба да имаме обучен кадар.
– Со закон можете да создатете услови, но луѓе не можете да создадете. Кадар се креира низ образовниот процес, а ние го рунираве и напрвавиме за потсмев изминатите 15 години – рече Анѓушев.