ВО ЖИВО Заев: Железни опинци ќе облечам, ама просечна плата од 500 евра ќе има

Македонија има капацитет и тоа мора да го искористи, да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, младите да не си одат, смета Заев.

2007

Со разрешени бариери, проблеми и пречки, без ниту едно отворено билатерално прашање, Македонија конечно може да прави крупни чекори напред за развој на економијата, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Велес на трибината „Силна економија – шанса за сите“

– Сега мора да работиме. Сите. И Владата, и Парламентот, и граѓаните и бизнимените. Прогресот ќе зависи само од нас. Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има.Државата ќе ја биде, само ако народот има пари, а во таа насока се фокусирани и владините политики – рече Заев.

Според него, Македонија има капацитет и тоа мора да го искористи, да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, младите да не си одат.

На трибината која ја организира владата во повеќе градови во змејава присуствуваше и вицепремиерот Кочко Анѓушев.

Трибините „Силна економија – шанса за сите“ ги започна владата за да отвори деба со граѓаните на економски теми- економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.

Трибините со граѓаните „Силна економија – шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...