Заклучно декември 2018 година, Министерството за финансии изврши поврат на вкупно 23,1 милијарда денари (375,6 милиони евра). Тоа е за 3,7 милијарди денари (или 60 милиони евра) повеќе во однос на претходната година, или за 19,3% повеќе, соопшти Министерството за финасии.
За редовен и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање.
– Со брз и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, се подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите, отворањето на нови капацитети и нови работни места – вели министерот за финансии Драган Тевдовски.
Модулот за автоматски поврат и пребивање е дел од од активностите кои ги преземаа Министерството за финансии и неговите управи и органи во состав, со цел подобрување на услугите кои се пружаат кон граѓаните и фирмите.