Филантропската фондација на основачот на Фејсбук, Марк Закерберг и на неговата сопруга Присила, „Чан Закерберг Инишијатив“ вложила 50 милиони долари во изградба на станбен простор за да помогне во запирање на станбената криза во Сан Франциско, јави Ен-Би-Си.
Според „Волстрит Џурнал“, заедно со оваа Фондацијата во достапни станови инвестираат уште неколку други фондации и компании, кои имаат намера да соберат вкупно 500 милиони долари за да се изградат најмалку 8,000 објекти за домување во следните 10 години, да се обноват старите станови, но и да се зачуваат оние кои се пред распаѓање.
Весникот дознава дека за таа цел бил создаден фонд во кој инвеститори како „Морган Стенли“ и биотехнолошката компанија „Џинтеч“, веќе инвестирале 260 милиони долари.
Потребата за нови станови во Сан Франциско е поврзана со растот на бројот на високо платените специјалисти во областа на технологијата и технолошкиот бум во регионот.
Поради високи цените, становите стануваат недостапни за оние кои заработуваат помалку, како учители, вработени во ресторани или медицински сестри. Многумина не можат да си дозволат покрив над глава и преноќуваат во своите автомобили, додека во некои места како Паоло Алто, има недостиг на учители поради високите наменини за становите, наведува телевизијата.
Од 2010 година во регионот на Сан Франциско се отворени повеќе од 700 илјади нови работни места, додека биле изградени само 100 илјади станови. Се очекува дека до 2040 година на ова подрачје ќе се отворат 1,3 милиони нови работни места и ќе се доселат 820 илјади нови домаќинства. За да се одговори на овој растеж на населението во Сан Франциско, треба да се градат по 35 илјади станови годишно.
Иницијативата на Закербер и другите компании следуваше откако гувернерот на Калифорнија, Кевин Њусам, соопшти дека градот Сан Франциско планира да потроши 500 милиони долари за достапен станбен простор. Тој ја повика „корпоративна Калифорнија“, посебно компаниите од Силиконската долина, да ивестираат во тој проект иста сума на пари.