Албанија блокира 5,2 милиони евра и седум апартмани стекнати со криминал

103

Во рамки на акцијата „силата на законот“, во градот Лежа, албанските власти блокираа банкарски сметки во вредност од 5,2 милиони евра и седум апартмани, под сомнение дека се стекнати од криминални активности.

Според полицијата, банкарските сметки и одземените станови се во сопственост на Пјетр Вочи (83) и неговата ќерка Шќипе Палај (50).

– Конфискацијата следуваше по спроведената темелна истрага на полицијата од Лежа, која му ги предаде материјалите на Обвинителството врз основа на основано сомневање дека стекнатиот имот е од криминална активност. По спроведената истрага и по барање на обвинителот Ерјон Шахај, судот во Лежа донесе одлука за одземање пари и недвижен имот во Лежа и Тирана – стои во полициското соопштение.

Финансиските средства биле на име на Шќипе Палај, депонирани во филијала на швајцарска банка во Албанија.

Подолг период во Швајцарија живеел братот, како и деверот на Палај, кој пред  неколку месеци бил уапсен, по што албанската полиција, по барање на швајцарските колеги, почнала верификација во врска со неговите активности.

Обвинителството продолжува со истрагата бидејќи постои основано сомнение дека имотот е стекнат од трговија со дрога, главно во Швајцарија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...