Научниците тврдат: Аутизмот може да се открие уште кај бебињата

Аутизмот би можел да биде дијагностициран со помош на едноставен тест за слухот. Ова се резултати  од најновите научни истражувања. Овој тест би овозможил лекувањето да почне со години пред да се развијат првите симптоми.

1079

Научниците од Универзитетот за остеопатска медицина Lake Erie во САД велат дека можат да откријат аутизам кај децата набргу по раѓањето и тоа со помош на тестирање на акустичниот рефлекс, пишува Дејли Мејл.

Станува збор за тестирање на слухот на бебето, односно, на неговите реакции на звуците со ирок распон на фреквенции кои на стручњаците им ги откриваат чувствителноста и времето на реакцијата на одделен звук, а тоа води до поставување на дијагноза затоа што постои силна врска помеѓу слушната дисфункција и аутизмот.

„Во раните фази од животот мозокот е многу пластичен, што значи дека со правилни рани интервенции е можно да се исправат одредени неправилности“, вели професорот по анатомија Ренди Кулеза Јуниор.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...