Наумоски си купил „БМВ Х5“ за да не патува со магариња ФОТО

1640

Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров се подновил со нов автомобил. Автомобилот е од марката „БМВ Х5“. Кога станал градоначалник Наумовски пред година и половина возел „пежо 1007“. Тој во изјава за „Макфакс“ вели дека е нормално да си купи нов автомобил и додал „Нема со магариња да патуваме“.

– Автомобилот е произведен во 2010 година и чини 17 илјади евра. Беше 20 илјади евра, па ми ја намалија цената оти беше оштетен кај багажникот. Кога дојдов за градоначалник, не бев на улица најден. Го купив со заштеда, го продадов стариот автомобил и го исплаќам на рати. Автомобилот е увезен од Америка. Па, нема со магариња да одиме“, вели Наумоски за „Макфакс“.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...