Македонската опера и балет најави двојна изведба на балетот „Оревокршачка“ на 30 јануари и на 2 февруари, со почеток во 20 часот. Музиката е на Петар Илич Чајковски.
Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1..2019) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2.2019), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.
Диригент е Бисера Чадловска.