Рут Стјуарт: Македонија може да биде седиште на австралиски компании

411
Македонија има потенцијал да биде седиште на австралиски компании кои би сакале да работат со поширокиот регион поради нејзината местоположба во ЈИЕ. На истиот начин, Австралија може да биде одлично седиште за претпријатија што сакаат да воспостават деловна соработка со Индопацифичкиот регион, вели во интервју за МИА Рут Стјуарт, нерезидентен aмбасадор на Австралија за Македонија, Србија и за Црна Гора,со сeдиште во Белград.

– Засилувањето на трговските и инвестициските врски за нас би било добредојдено. Билатералните трговски и инвестициски односи засега се скромни, па има можности за развој. Македонско-австралиската дијаспора обезбедува цврста основа за градење подобри трговски врски.
Вашата местоположба во Југоисточна Европа има потенцијал да биде седиште за австралиски претпријатија што би сакале да работат со поширокиот регион, без разлика дали станува збор за производство, логистика или услужни дејности. На истиот начин, Австралија може да биде одлично седиште за претпријатија што сакаат да воспостават деловна соработка со Индопацифичкиот регион – вели амбасадорката Рут.

Според неа, за привлекување австралиски инвеститори важно е во земјата да се воспостават силни политики што се отворени кон странски директни инвестиции.

– За австралиските инвеститори, најважна е транспарентноста во работењето и доследноста во применувањето на правилата и прописите. Австралија води преговори за склучување Договор за слободна трговија со ЕУ. Вашето идно членство ќе ви овозможи да имате полза од овој договор и ние со радост го очекуваме – посочува Рут.

Таа во интервјуто се осврнува и на улогата на македонската дијаспора која се проценува дека брои околу 100.000 припадници, а чии корени датираат од пред повеќе од 100 години. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...