Германец покрена тужба за дискриминација против градот Ајхштат поради одлуката на градската управа – неколку паркинг места да ги резервира само за жени, што е воведено по случај со силување во тој дел од градот.
Откако една жена во 2016 година била жртва на сексуален напад, градските власти одлучија неколку добро осветлени места со поволна местоположба да бидат наменети само за жени.
Но, во случај нив да ги искористи маж, тој сепак не би се соочил со парична казна, ниту пак, со тужба.