Ќе се унапредува апсорпцијата на средствата од ИПА

Најавен е засилен мониторинг во наредниот период, до крајот на 2018 година, треба да помогне во остварувањето на повисока стапка на апсорпција на средствата алоцирани во подсекторите.

100

Треба да ги искористиме сите можности кои ни стојат на располагање за да ја унапредиме апсорпцијата на средствата од ИПА, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во улога Национален ИПА координатор на денешната прва седница на Секторскиот мониторинг комитет за конкурентност, иновации и земјоделство.

Османи го поздрави воспоставувањето на овој Секторскиот мониторинг комитет и истакна дека првите резултати за користење на ИПА 2 ќе произлезат, токму од користењето на трите Акциски програми во овој сектор.

Тој напомена дека засилениот мониторинг во наредниот период, до крајот на 2018 година, треба да помогне во остварувањето на повисока стапка на апсорпција на средствата алоцирани за овие под сектори.

Секторскиот мониторинг комитет е воспоставен како ад-хок тело за следење на напредокот во спроведување на Акциските програми за конкурентност и иновации финансирани преку ИПА 2014 и 2016 и Акцискиот документ за земјоделство и безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика финансиран преку ИПА 2015.

Целта на овие состаноци е по дискусијата за напредокот на спроведување на програмите, низ дијалог на членовите да се договорат препораки за подобрување на спроведувањето на акциските програми во наредниот период.

На состанокот присуствуваа претставници од кабинетот на заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори во улога на координатор на секторот конкуретност и иновации, претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници од Секретаријатот за европски прашања, Делегацијата на ЕУ и на донаторите како и претставници на четирите стопански комори во РМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...