Николас Мадуро за Кремљ е легитимен претседател на Венецуела, а обидите на опозицијата да ја узурпира власта ги сметаме за нелегални, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
На новинарско прашање дали Москва ќе му даде политичко прибежиште на Мадуро, ако го побара тоа, Песков одговори дека „Мадуро е легитимен претседател на Венецуела и затоа таквото прашање Русија го смета како неумесно“.
Тој додаде дека обидите на опозицијата да ја узурпира власта, Москва ги третира како кршење на меѓународното право.
Песков информира и дека Венецуела за сега не барала помош од Русија