Воена интервенција на САД во Венецуела би претставувала катастрофално сценарио и Москва го предупредува Вашингтон да не презема такви чекори. Тоа го изјави денеска заменикот шеф на руската дипломатија Сергеј Рјабков за списанието Меѓународен живот.
– Додека ние ја следиме ситуацијата во Венецуела, гледаме напори на друпа држави меѓу кои и САД, дека користат разни платформи меѓу кои и Органзиацијата на американски држави, за вршење притисок врз нашата пријателска Венецуела со разни предлози – нагласува тој.
Рјабков додаде дека „Русија ја поддржува Венецуела и ќе ја поддржува и ќе биде на страната на одбраната на суверенитетот и принципите за немешање во внатрешните работи на една држава“.