Нигерија: Од 110 киднапирани девојчиња дел од нив се вратени дома

98

Џихадисти од Боко Харам ослободија 76 од 110 девојчиња, кои минатиот месец беа киднапирани од едно место во Нигерија.

Мештаните на градот Дапчи наведуваат дека девојчињата биле вратени од мажи за кои се верува дека се борци од екстремистичката група Боко Харам.

Тие, меѓутоа, не можеа да прецизираат колку девојчиња се вратени.

Ученичките, на возраст од 11 до 19 години, беа киднапирани на 19 февруари. Тоа е најголемото масовно киднапирање откако припадници на Боко Харам киднапираа повеќе од 270 девојчиња од Чибок во 2017 година.

Фото: EPA/DEJI YAKE
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...