Дали се сомневате дека вашиот тинејџер се дрогира?

Сите родители се плашат од тоа дека нивните деца можат да тргнат по лош пат. Еден од најголемите стравови е и тој дека нивната ќерка или син во пубертет, би можеле да пробаат дрога

441

Докторката по психијатрија Лоренс М. Вестреј за “Reader’s Digest” нагласува дека постојат 10 знаци кои можат да ви откријат дали вашиот тинејџер зема наркотици и објаснува што можат да направат родителите во таков случај.

Поспан или повозбуден од кога било

Секој човек го стасува заморот, но не е баш нормално ако вашата ќерка или син наеднаш заспијат на маса додека вечерате или пак спијат долго после часовите. Доколку не можат да се опуштат после училиште или се нервозни без некоја посебна причина, тоа е можеби причина за сомнеж. Токму тогаш можете да преземете нешто затоа што тој константен замор или вознемиреност ќе ги искористите како совршен изговор за одење на лекар.

Раздразлив е и не зборува со вас

Ако вашето дете ја прекине секоја комуникација со вас никако немојте да ја вртите главата настрана. Би било најдобро постојано да бидете присутни и смирени затоа што така ќе му овозможите да се издува, но и да ја отвори вратата за разговор. Можете да кажете нешто како: „Знам дека не сакаш баш многу да зборуваш со мене, но сакам да знаеш дека сум секогаш тука за тебе и дека можам да ти помогнам ако нешто те мачи“.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Myicahel Tamburini from Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...