СДА ќе бара промена на името на Република Српска

277

Партијата за демократска акција (СДА) на поранешниот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, планира да иницира правна постапка за промена на називот на српскиот ентитет во БиХ, Република Српска, со оценка дека со тое име се „дискриминираат Бошњаците и Хрватите“.

Како што јави сараевската телевизија Фејс, СДА планира преку своите претставници во државните институции да иницира постапка пред Уставниот суд на БиХ за преиспитување на уставноста на иметот на српскиот ентитет.

Според партијата, долгогодишната пракса на органите на власта на Република Српска покажала дека сегашното име на ентитетот „интензивно и ефикасно се користи за дискриминација и исклучување на другите два конститутивни народи“ во БиХ, Бошњаците и Хрватите.

СДА смета дека во една мултиетничка заедница, врзувањето на некое име за само еден народ е во спортивност со Уставот на БиХ и на Европската конвенција за човекови права.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...