Aмериканскиот комичар Кевин Барнет почина на 32 години

625

Познатиот американски комичар, Кевин Барнет, почина на 32 години, објави BBC.

Тој, наводно, бил на одмор во Мексико кога починал, а причината за смртта сѐ уште не е позната.

Барнет се прослави со популарната серија на FOX „Rel“, а беше и еден од сценаристите на комичната ТВ-серија „Broad City“.

Тој беше и еден од најдобрите млади стендап комичари во САД.

– Многу сме тажни поради смртта на нашиот пријател Кевин Барнет. Беше неверојатен талент и прекрасна личност. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите – напишаа вработените во неговата агенција UTA на Twitter.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...