Сестрата на министерот Бектеши вработена во МЕПСО

Министерот не може да влијае од причина што основач на МЕПСО е Владата, а единствен акционер е Министерството за транспорт и врски, се правдаат од МЕПСО.

222

Влорa Бектеши, сестра на министерот за економија Крешник Бектеши е една од низата нововработени во државниот електропреносник МЕПСО. Информацијата ја потврди и компанијата и соопшти дека таа добила работна задача референт во Секторот за правни и општи работи.

Од МЕПСО тврдат дека нема судир на интереси  при ова врабoтување, оти министерот не може да влијае од причина што основач на МЕПСО е Владата, а единствен акционер е Министерството за транспорт и врски.

„Влорa Бектеши е вработена во МЕПСО лани во Секторот за правни и општи работи како референт, на оглас на кој се пополнети 23 отворени работни позиции. Целата постапка за вработување е во согласност со Законот за работни односи, а Бектеши на местото референт е избрана меѓу тројца кандидати предложени од стручна комисија“, се вели во потврдата на компанијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...