Да не ти даде Господ, тоа што ти мисли мајка ти

Од страв сме нервозни, од нервоза уморни, од умор им викаме на децата, а после не гризе совест

143

Да не ти даде Господ, тоа што ти мисли мајка ти“, вели шеговитиот заклучок кои го донеле претходните генерации. Секоја нова генерација на родители го повторува истиот заклучок кои го донеле претходните генерации. Секоја нова генерација го повторува истиот заклучок уште од моментот кога ќе слушнат: „Честитаме, станавте мајка/татко“, па до крајот на животот.

Општопознато е дека во секоја шега има пола вистина, а во оваа и многу повеќе.

Би ни помогнала нам, на родителите, некоја посериозна статистика која зборува за процентот во кој нашите предвидувања, кои неподносливо потсетуваат на хорор филмови, НЕ се остварува. Велат, повеќе од 85%!

Денеска, преку различни медиуми сме премногу изложени на негативни и загрижувачки информации. И тоа е најголемата промена во однос на децениите зад нас. Знаеме што го мачи некое девојче во Кина, некое куче во Германија и дали му се слошило на некој возач на автобус во Грција. Секако, сочувствуваме, но не можеме да помогнеме. Информација и немоќ, во комбинација, незабележливо се претвараат во страв и се вовлекуваат, што се вели, „во коски“.

Од друга страна, информациите не опоменуваат што сѐ може да се случи и не држат во состојба на претпазливост, значи имаат и своја цел.

И што да правиме со стравот кој не заробил?

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Daria Obymaha from Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...