Владата ја усвои Програмата на економски реформи 2019-2021 година

249

Владата денеска ја прифати информацијата за Програмата на економски реформи 2019-2021 година, со текст на Програмата. Програмата е петти документ изработен согласно насоките од Европската комисија, каде, освен среднорочна макроекономска и фискална рамка се вклучени и 18 клучни секторски структурни реформи за зголемување на конкурентноста и растот на економијата. Програмата е изработена во согласност со Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2017-2020 година, Ревидираната Фискална стратегија за периодот 2019-2021 и Буџетот на Република Македонија за 2019 година, како и останатите национални стратешки документи. Исто така, програмата е во согласност со Стратегијата на ЕУ за брз, одржлив и сеопфатен економски развој „Европа 2020“.

На седницата министрите ја прифатија информацијата за потребата од усвојување на Индивидуалниот реформски акционен план (ИРАП) и го усвои истиот, на ниво на националната држава со цел спроведување на Регионалната инвестициска реформска Агенда за Западен Балкан. Истовремено, Владата го задолжи Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, Кочо Анѓушев за содржината на Акцискиот план за инвестициски реформи за Република Македонија,  преку Канцеларијата на Претседателот на Владата во рок од три дена да го извести Регионалниот Центар за соработка (РЦЦ) во Сараево, како и комесарот за проширување, Јоханес Хан.

Владата на седницата ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со номинација на Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција. Притоа Владата ја донесе и одлуката за дополнување на одлуката за образување Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија. Истовремено Владата му укажа на Народниот Правобранител на Република Македонија во рок од три дена од денот на влегување во сила на оваа одлука да ја започне постапката за номинација на лице за Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција.

Како материјал за информирање, денеска Владата ја прифати информацијата за можностите за поедноставување на постапката за издавање на пасоши преку дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија, отстранување на техничките проблеми со мобилните станици и можност за воведување на нови базни станици.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...