Франција и Германија денеска потпишаа нов договор за пријателство. Тоа се случи во западниот германски град Ахен во денот кога се навршуваат 56 години склучувањето на Елисејскиот договор.
– Потпишуавњето на нов догвоор за француско-германско пријателство е чекор кон формирање европска армија – изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа додаде оти „двете страни даваат „придонес за формирање европска армија“ со тој текст“.
Според неа, тоа ќе придонесе за изградба на „заедничка воена култура и заедничка воена индустрија“. Таа вели дека документот е неопходен поради „се поголемиот популизам и национализам“.
ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER