BANK2GO – Нова мобилна апликација на Стопанска банка а.д. Битола

Оваа апликација на корисниците ќе им овозможи нивниот мобилен уред да биде нивната подвижна, виртуелна експозитура преку која на едноставен, брз и безбеден начин ќе имаат пристап до информациите поврзани со сите нивни сметки, состојбата и расположливите средства и ќе може да вршат плаќања во секој момент од било кое место.

122

Стопанска банка а.д. Битола ја пушти во употреба својата нова мобилна апликација Bank2GO која е достапна и може да се превземе од Play Store за сите корисници на Android и App Store за корисниците на iOS.

Оваа апликација на корисниците ќе им овозможи нивниот мобилен уред да биде нивната подвижна, виртуелна експозитура преку која на едноставен, брз и безбеден начин ќе имаат пристап до информациите поврзани со сите нивни сметки, состојбата и расположливите средства и ќе може да вршат плаќања во секој момент од било кое место. Апликацијата која е лесна за употреба нуди преглед на сите кредити, депозити, кредитни и дебитни картички, на прометот извршен во периодот и на извршените налози. Покрај тоа, преку оваа апликација корисниците ќе добиваат известување за направените трансакции и одливи од трансакциската сметка и ќе имаат можност да користат готови шаблони за брзо плаќање кои сами ќе ги креираат. Останатите функционалности на апликацијата вклучуваат калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката, локатор на експозитури и банкомати, увид во работното време на експозитурите, нивните контакт податоци како и детални информации за сите производи и услуги на Банката.

BANK2GO на клиентите ќе им биде достапна за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски. Оваа апликација ќе може да ја користат и оние кои не се регистрирани како корисници на мобилното банкарство во Стопанска банка а.д. Битола, но во тој случај ќе имаат пристап единствено до јавно достапните информации за производите и услугите на Банката.

Следејќи ги потребите на своите клиенти Стопанска банка а.д. Битола со воведување на мобилната апликација Bank2GO на своите корисници им нуди ново, софистицирано дигитално искуство и им нуди можност за лесна контрола и едноставно и безбедно управување со услугите кои ги користат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...